Светските цени на храната во февруари се најниски во последните три години
Во февруари светските цени на храната паднаа на најниско ниво во последните три години, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).
Во февруари забележан е меѓумесечен пад на цените на сите главни жита и растителни масла, што повеќе од надомести за поскапувањето на млечните производи, месото и шеќерот.
Индексот на светските цени на храната за февруари падна од јануарските 118,2 поени на 117,3 поени, продолжувајќи го падот на светските цени на храната што започна во август 2023 година, се наведува на веб-страницата на ФАО.
Вредноста на овој индекс е 10,5 отсто или за 13,8 поени пониска во однос на февруари 2023 година.
Цените на житариците паднаа за пет отсто на 113,8 поени на месечно ниво поради големата понуда на пазарот и очекувањата за добра жетва на пченка во Јужна Америка, а цените на растителните масла за 1,3 отсто на 120,9 поени.
Показателот за цените на млечните производи се зголеми за 1,1 отсто, на деветмесечниот максимум од 120 поени, а најмногу пораснаа цените на путерот поради поголемата увозна побарувачка од азиските купувачи.
Цените на месото, по седум последователни месеци пад, во февруари пораснаа за 1,8 отсто на 112,4 поени, главно поради повисоките цени на живинското и говедското месо.
Индексот кој ги следи цените на шеќерот се зголеми за 3,2 отсто на 140,8 поени поради загриженоста за производството во Бразил, Индија и Тајланд.
Ново на Сител
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон
-
Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил