Фудбал
3. јуни 2018 - 9:37

Светскиот првак поразен од Австрија

Светскиот фудбалски првак, Германија и натаму е без победа во подготвителниот период откако во последниот натпревар загуби од Австрија со 2-1.

Тимот на Јоаким Лев прв поведе со погодокот на Озил во 11м. но во вториот дел Австријците направија пресврт со головите на Хинтерер и Шопф. 
Светското првенство започнува на 15. јуни и ќе трае до 15. јули, Германија е во група со Мексико, Шведска и Ј. Кореја.