Светскиот капитал е вреден 512 илјади милијарди долари
Светскиот капитал минатата година изнесувал 512 илјади милијарди долари, од кои повеќе од една третина се долгови, објави вчера австрискиот весник „Куриер“.
Вредноста на светскиот капитал е речиси седум пати поголема од Бруто домашниот производ (БДП) на планетата, проценет на 740 милијарди долари, се наведува во студијата на економскиот експерт Маркус Шулер, кој ги зел предвид сите класични форми на капитал долгови, имот, штедење, готовина, компании и недвижнини.
По намалувањето на светското богатство од десет отсто за време на кризата на прилагодливите хипотекарни кредити во 2008 година, со 411 илјади милијарди на 369 илјади милијарди долари, сега светското богатсто за една четвртина ја надминува својата вредност од 2007 година.
Уделот на имотот се намалил на 20 отсто од севкупниот капитал, на сто илјади милијарди долари, додека пред кризата изнесувал 28 отсто од вкупниот светски капитал. Од друга страна долговите на државите се зголемиле за 45 отсто, на 95 илјади милијарди долари. Приватните кредити се зголемувале и достигнале 99 илјади милијарди долари, а севкупните светски долгови изнесуваат 194 илјади милијарди долари.
Иако стабилен во вредноста, уделот на акциите се намалил на 13 отсто од светскиот капитал, на 67 милијарди долари.
Парите во готовина и заштедите претставуваат само осум отсто од светскиот капитал.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата