Светскиот ден на срцето
Институтот за јавно здравје на Република Македонија, во рамки на одбележувањето на 29 септември, Светски ден на срцето, денеска на плоштадот „Делфина“ во населбата Влае во соработка со општина Карпош од 11 до 13 часот ќе организира музички хепенинг. Мото на годинашното одбележување на Светскиот ден на срцето е „Дајте му сила на вашиот живот“.
Годинава, информираат од Институтот, нема бесплатни превентивни прегледи за граѓаните, но ќе има промотивен материјал со насоки и совети за тоа како треба да се грижиме за здравјето. Како и секоја година превентивците од Институтот за јавно здравје апелираат за редовна посета на избраниот лекар и примената на превентивните совети и препораки кои се единствениот начин за намалување на ризиците од кардиоваскуларните болести и превенција на последиците од нив.
Секоја година кардиоваскуларните болести се причина за 17,3 милиони случаи на прерана смрт, а до 2030 година, се очекува дека 23,6 милиони луѓе ќе умрат од овие заболувања. Ова се проектирани бројки од Светската здравствена организација, при што се очекува кардиоваскуларните болести да останат водечка причина за смрт во светот.
Во Република Македонија во 2015 година од болести на циркулаторниот систем починале 11.939 лица. Проценките покажуваат дека најмалку 80 отсто од сите срцеви болести, срцев удар и дијабетес тип 2 може да се спречат со редовна посета на избраниот лекар.
Стапката на морталитет од циркулаторни заболувања во вкупното население во Македонија во периодот 2010-2015 и натаму има тренд на пораст.
Поаѓајќи од фактот дека постои можност 80 отсто од срцевите заболувања да се спречат, Република Македонија спроведува мерки засновани на докази со цел да се превенираат факторите на ризик, како што е употребата на тутун, нездрава исхрана, физичката неактивност, употреба на алкохол, навремено препознавање на кардиоваскуларните болести...
Основната цел, посочуваат од Институтот за јавно здравје, е да се одговори на се поголемото оптоварување на населението со кардиоваскуларни болести и намалување на инвалидитетот и смртноста од овие заболувања.
Институтот за јавно здравје, десетте центри за јавно здравје и здравствените домови активно работат на спроведување на кампањи, едукација во училиштата, здравствените установи, и други средини, изработка и дистрибуција на здравствено-едукативен материјал, организирање акции за бесплатни превентивни прегледи пред се во рурални средини.
Ново на Сител
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство
-
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети
-
Здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, тврди доктор Динчиќ
-
Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди