Светски ден на животната средина
Годинашното мото на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина - 5 јуни е „Поврзување на луѓето со природата“. Целта на оваа тема е да не потсети да поминуваме повеќе време во природа, да ја почитуваме и славиме нејзината убавина и да се залагаме за заштита на планетата Земја.

Канцеларијата на UN Environment во Скопје во соработка со Македонско еколошко друштво и Центарот за едукација и развој од Тетово ќе го одбележат Светскиот ден на животната средина со низа активности во Тетово и Скопје.
Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.
Секоја година се бира тема за која се прават голем број настани од големи компании, невладини организации, заедници и влади насекаде во светот со цел да се подигне свеста за важни прашања од животната средина.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
