Светски ден на ветеринарната професија

„Заштита на животната средина за подобрување на здравјето на животните и луѓето“ е годинашното мото на Светскиот ден на ветеринарната професија, 25 Април, што се одбележува и во земјава.
-Денес, кога како човештво сме исправени пред огромните предизвици и опасности од глобалната пандемија со КОВИД-19, повеќе од кога било е клучно, докторите по ветеринарна медицина од целиот свет да се обединат на локално и глобално ниво во тежнеењето да одговорат на сите предизвици и да дадат придонес кон Едното здравје, да продолжат да обезбедуваат високо квалитетни здравствени услуги, да ги штитат здравјето, благосостојбата на животните и јавното здравје и особено преку својата научно-истражувачка работа, заедно со колегите од хуманата медицина, да спречат во иднина закани од овој тип, наведува Ветеринарната комора на Македонија во дописот по повод Светскиот ден.
Поради неможноста Денот да се одбележи на посоодветен начин, Комората повикува на професионално единство и соработка во сите аспекти на делување, како и на промена на перцепцијата и валоризација на ветеринарно-здравствената дејност.
-Веетринарите треба да ја добијат заслужената општествена благодарност поради нивната многу одговорна, напорна работа и посветеност кон чувањето на здравјето и благосостојбата на животните, на здравјето на луѓето и животната средина, истакнува Комората.
Светскиот ден на ветеринарната професија е воспоставен во 2000 година од страна на Светското здружение за ветеринари (WVA) и се слави секоја последна сабота од април. Целта на Светскиот ден е да се промовира ветеринарно-здравствената дејност и да се работи на подобрување на здравјето и благосостојбата на животните и човекот, животната средина, безбедноста на храната и заштитата на јавното здравје.
Се проценува дека во моментов ширум светот има околу 1,8 милиони доктори по ветеринарна медицина. Тие се иницијатори и едни од главните носители на глобалниот концепт „ЕДНО ЗДРАВЈЕ“ што подразбира интегралност и неодвоивост на здравјето на луѓето од здравјето на животните и зачувувањето на животната средина. Затоа и укажуваат на потребата од интегрален пристап кон мерките за заштита на севкупниот живот на Планетата.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
