Светски ден на бегалците: УНХЦР апелира на поголема солидарност кај помладите генерации во однос на бегалците

По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, УНХЦР, Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, ги повикува младите да се мобилизираат во поддршка на бегалците и да го бранат правото на азил како едно од клучните глобални човекови права.
Годишната тема на УНХЦР „Додека сите не бидат безбедни“ има цел да ја потсети јавноста на значењето на Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година, која и по 75 години останува основа на меѓународната заштита. Со неа се гарантира правото на секој човек, кој бега од војна, конфликт или прогон, да побара и да добие безбедност.
Од УНХЦР посочуваат дека денес ова право е под сѐ поголем притисок во повеќе делови од светот, поради што апелираат на поголема солидарност, особено кај помладите генерации. Пораката е азилот да не се гледа како далечно прашање, туку како заедничка безбедносна мрежа што може да биде неопходна за секого.
Од организацијата нагласуваат дека кампањата има за цел и да ги разбиe стереотипите за бегалците, притоа потенцирајќи дека правото на заштита е основна човечка потреба. Воедно се посочува и потребата од долгорочни решенија – зголемување на можностите за доброволно враќање, преселување и интеграција, како и подобар пристап до образование, здравство и пазарот на труд.
Кампањата „Додека сите не бидат безбедни“ ќе се спроведува преку глобални дигитални платформи, со сведоштва на бегалци и едукативни алатки, со цел подигнување на свеста и вклучување на младите во заштитата на правото на азил.
УНХЦР упати повик до младите, креаторите и заедниците ширум светот активно да се вклучат и да придонесат кон зачувување на ветувањето за безбедност за сите.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
