-->
-->
Светска премиера на „Шишка Делукс” на Филмскиот фестивал во Монтреал
-->

Филмот „Шишка Делукс”, ко-продукција меѓу Перфо од Словенија, Кино Око од Македонија и Еволушн Филмск од Чешка, во режија на Јан Цвитиковиќ, ќе ја има својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Монтреал што ќе се одржи од 27 август до 7 септември.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Жига Фидрансперг, Давид Фурлан, Марко Миладиновиќ, Перо Арсовски и Андријана Бошкоска-Батиќ и други.
Во авторскиот дел од Македонија се вклучени и сценографот Иван Бартлинг, Жаклина Крстевска како костимограф и Горан Игњатовски како шминкер/маскер. Македонски копродуцент е Роберт Насков преку продуцентската куќа „Кино око".
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
