Светска премиера на „Исцелител“ на Меѓународниот филмски фестивал во Солун
Долгометражниот игран филм „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески вечерва ќе има светска премиера на 58. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Солун.
Во дебитантскиот игран филм на Ставрески, кој е македонско-грчка копродукција, главните улоги ги толкуваат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Диме Илиев и Симона Димковска.
Филмот е приказна за еден млад човек, кој ќе украде марихуана од опасни криминалци со цел да му помогне на својот болен татко, што ќе доведе до многу перипетии и бројни необични и апсурдни ситуации.
Официјалната проекција на „Исцелител“ ќе се одржи вечерва во салата „Ставрос Торнес“ во Солун со почеток во 20,30 часот, во рамки на програмата „Балкански преглед“. За утре е закажана уште една проекција на филмот.
Филмското остварување на Ставрески е во продукција на „Фрагмент филм“ и копродукција на грчката „Граал С.А.“, а финансиски е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Солунскиот фестивал е еден од најголемите и најстари филмски фестивали на балканските простори. Оваа година тој се одржува од 2 до 12 ноември, а во главната натпреварувачка програма се наоѓаат дебитантски и втори филмови на автори од цел свет кои имаат субверзивен пристап.
Во трката за годинешната награда „Златен Александар“ се натпреваруваат 14 филмови, од кои три се грчки. Меѓународното петочлено жири, кое ќе ги оценува филмовите, е предводено од палестинскиот режисер, сценарист и продуцент Анемари Јасир.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари на отворено од 33 изминатото деноноќие
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК
-
Трамп денеска ќе разговара со Зеленски
-
Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор
-
Стејт департментот го осуди влошувањето на човековите права во Европа
-
Франција, Германија и Велика Британија подготвени повторно да воведат санкции кон Иран
-
Забрана за сообраќај на патот Р1106 Македонски Брод - Скопје поради пожарот во Јасен
-
Продолжува топлото време – температури до 39 степени