Светот зборува за ова девојче од Шведска: Со недели во тишина седи пред парламентот и има едно барање до политичарите
Среде најтоплото лето во шведската историја, Грета Тунберг (15) позната како шведската Малала, одлучи да протестира пред шведскиот парламет, за да ги натера политичарите да преземат мерки против климатските промени.
Таа е во штрајк и добива да оди на училиште се до изборите во Шведска на 9. септември за да го сврти вниманието на јавноста, но и лидерите за криматската криза.
Секој ден, веќе две недели, ова девојче во тишина седи на поплочениот бетон пред парламентот во центарот на Стокхолм, делејќи летоци на кои пишува:
„Го правам ова зошто вие возрасните ја уништувате мојата иднина“.
Кога луѓето ја предупредуваат дека треба да биде на училиште, Грета го вперува прстот кон книгите во нејзиниот ранец.
„Книгите ми се овде“, зборува на англиски.
Нејзините родители сакаат таа да го прекине штрајкот и да се врати на училиште, додека меѓу учителите владее поделено мислење.
„Како луѓе, велат дека тоа добро го правам, но како учители сметаат дека треба да престанам“.
„Грета не присили да ги смениме своите животи“, тврди нејзиниот татко, Свенте. „Нема поим за климата. Почнавме да истражуваме и да читаме книги. И Грета ги прочита“.
За време на штрајкот, Грета ги напиша домашните задачи и прочита три книги, тврди нејзиниот татко.
Ново на Сител
-
Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
530 возачи казнети во Скопје, 238 за пребрзо возење, 43 за возење без возачка, 10 под дејтсво на алкохол
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи
-
Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа
-
54-годишен маж од Делчево загина при излетување од коловозот со мопед