Светот ја пречека Новата 2016 година
Стотици милиони луѓе во светот синоќа на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови,… или во семејна атмосфера во домовите, ја испратија 2015 и ја пречекаа Новата 2016 година.
Први Новата година ја пречекаа тихоокеанските острови Тонга, Кирибати и Самоа, а последни, речиси цел ден по нив, жителите на Американска Самоа.
По примерот на светските метрополи, највеселата ноќ беше пречекана и на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како и во другите градови во државата.
Скопјани ги забавуваа Оливер Драгоевиќ, Тамара Тодевска и диџеи. Новогодишниот концерт почнa во 21 часот и траеше до раните утрински часови, а точно на полноќ, небото над Скопје беше осветлено со спектакуларен огномет.
За најмладите, претходно беа организирани театарски претстави, фотографирање со Дедо Мраз и забава со детски песни.
Но, не сите синоќа го прославија почетокот на 2016 година. Многубројна популација луѓе времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја. Таков е случајот со Евреите, Кинезите, Индусите и Муслиманите, како и со повеќе други помали етнички и религиозни заедници.
Така во 2016. Евреите ја слават 5777, Кинезите 4714, Индусите 2073, а Муслиманите 1438 Нова година.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија