Светот ја испраќа старата година, новата 2026 први ќе ја пречекаат Кирибати, а последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд

Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2025 и ќе ја пречекаат Новата 2026 година.
Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2026-та последни ќе влезат Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд (1 јануари во 13 часот по македонско време).
Тоа значи дека Новата година „патува“ цели 26 часа од првото до последното место на Земјата.
Забави за пречек на Новата година ќе бидат организирани во Скопје и во другите градови низ земјава. Музичката програма во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи.
Празничната програма „Новогодишна зимска бајка“ во Скопје, денеска ќе трае цел ден, а ќе кулминира вечер на плоштадот „Македонија“.
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ги покани скопјани на плоштадот „Македонија“ на, како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот и порачува дека со домашни изведувачи, омилени на публиката, создале „програма што ги поврзува сите генерации“.
- Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски. Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска. Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева, најави Ѓорѓиевски во поканата за прослава на новогодишната ноќ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Галатасарај се подготвува за трансфер од Премиер лигата
-

ЦУК: Состојба по обилните дождови заклучно со синоќа во 21 часот, излевања на реки, поплави, одрони
-

Мицкоски во посета на Општина Гевгелија
-

Врнежи од снег на повеќе места, забрана за камиони на патот Струга- ГП „Ќафасан“
-

Дожд и снег на повисоките места, температурата од - 2 до 10 степени преку ден
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
