Светиниколчани заинтересирани за „Купи куќа, купи стан“
Граѓаните на Свети Николе покажаа голем интерес за Владината мерка „Купи куќа, купи стан. Околу 100 граѓани синоќа беа присутни на презентацијата на поволностите што ги нуди проектот што ја извршија претставници на Министерството за финасии. Најголем дел од нив беа заинтереисрани како да дојдат до сопствен стан.
Градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев изјави дека општината има за цел да им помогне на граѓаните како да дојдат до сопствен дом, преку понудата за продажба на градежни парцели, како за индивидуални куќи, така и за станбени згради.
- По 29 години во Свети Николе се гради станбена зграда. Во неа 25 семејства ќе можат да аплицираат и да ги искористат мерките од „Купи куќа, купи стан“. Овде се и банките кои го поддржуваат проектот, а се со цел многу млади брачни парови да дојдат до сопствен дом, рече Тасев.
Тој додаде дека општина Свети Николе има перспектива, имајќи во предвид дека веќе се гради и автопатот Миладиновци-Штип, кој поминува низ Свети Николе, со што, какошто рече, жителите на оваа општина за 20-тина минути можат да пристигнат до Скопје.
- Како локална самоуправа веќе регистриравме и продажба на земјоделско земјиште на сопственици од Скопје, а набрзо ќе го објавиме и огласот за продажба на градежни парцели за индивидуални куќи. Во месноста „Горубински пат“ ќе се понудат вкупно девет плацеви за индивидуални куќи, со што оние кои ќе ги купат ќе можат да ги искористат и поволностите на проектот „Купи куќа, купи стан“, потенцира Тасев.
Ново на Сител
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
-
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава