Свети Николе добива мобилен пункт за тестирање за Ковид-19
Свети Николе добива мобилен пункт за тестирање за коронавирус. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека одлуката на Владата ја добиле денеска.
-Како Општински кризен штаб чекаме детали за пунктот за тестирање и колку пати во неделата ќе доаѓаат епидемиолози од Центарот за јавно здравје-Велес. Веднаш штом ќе добијам информација ќе ги информираме граѓаните на Општина Свети Николе, вели Велковски.
Тој истакна дека се уште чекаат одговор на нивото барање за санитетско возило за транспорт на болните од Ковид-19 до болниците во Штип и Велес. Иако бројката од 188 активни случаи за Свети Николе е голема, лидер по растот на новозаразени од коронавирус на истокот од државата е Штип.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека денеска на Инфективното одделение се лекуваат 49 пациенти, а еден пациент поради влошување на состојбата е хоспитализиран во Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови