-->
-->
Свештеник меѓу повредените во верски храм на Сики во Есен
-->
Три лица меѓу нив и еден свештеник се повредени во експлозија во верскиот објект на религиозната група Сики во градот есен во западна Германија.
Според полицијата во Есен експлозивната направа ја подметнало непознато маскирано лице кое што го напуштило верскиот објект малку пред да се случу експлизијата. Во нападот едно лице е потешко повредено а искршени се сите прозорци во верскиот објект.
Полициски претставници велат дека се работи за подметната експлзивна направа но нема индиции дека во прашање е терористички напад. Инцидентот првично се поврзува со венчавка која што се сличила во текот на вчерашниот ден во храмот а полицијата смета дека напаѓачот бил присутен на свадбената церемонија.
Сиките се припадници на монотеистичка религија која е најмногу застапена во индискиот регион Пунџаб. Во Индија живеат над 20 милиони Сики а во Германија се проценува дека има најмногу до 40 илјади припадници на оваа религија. Сиките во Индија со децении бараат независна држава Калистан а припадници на оваа група без извршители на атентатот на поранешната индиска премиерка Индира Ганди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот