-->
-->
Сведок во "Тортура": Обвинителот Лапе, во СЈО ми се закани со 10 години затвор
-->

Горанчо Тодев, поранешенен припадник на единицата "Алфа" кој учествувал во апсењето на Љубе Бошковски, денеска во судница како сведок на одбраната, изјави дека обвинителот кој го води предметот, му се заканил со висока затворска казна кога бил повикан како осомничен во поранешното СЈО.
-По влегувањето во СЈО, првиот разговор беше: "10 години ќе одиш во затвор", тоа ми го кажа Љубомир Лапе и не сакам да одговарам на негови прашања, изјави Горанчо Тодев.
Тој сведочеше дека при апсењето, Љубе Бошковски со трчање се упатил кон својот автомобил и давал отпор при обидот на "Алфите" да му стават лисици на рацете. Додека трчал, како што наведе Тодев, лидерот на Обединети за Македонија, фрлил и кесе зад неговиот автомобил.
-Јас го претресов автомобилот. Пронајдов облека, средства за лична хигиена, пиштол и полицоска значка, сведочеше во судницата Тодев.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ФЗОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура