Сведок на трагедијата: Автобусот се запалил од предниот дел, во самиот автобус имало туби со нафта
„Не е за раскажување, нема како тоа да се емитува на емисија, глетката е страшна. Предниот дел на автобусот е изгорен, луѓето што се наоѓаат во Пирогов биле во задниот дел на автобусот. Десното стакло на автобусот било скршено и од таму излегле“, изјави секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов за БТВ кој бил на местото на инцидентот заедно со првите полицајци и пожарникари, пренесува Трибуна.
Пиргов раскажува дека пред час и половина автобусот бил застанат на бензиска пумпа на автопатот Струма. Запреле отишле во тоалет и според сведокот е исклучена веројатноста шоферот да заспал, бидејќи бензиската се наоѓа на 15 минути со автомобил до местото на несреќата.
„Патот е во перфектна состојба овде станува збор за заблуда на возачот. Нема како автобусот да се зализгал, автобусот, нема спирачен пат. Автобусот се запалил од предниот дел. Во самиот автобус имало туби со нафта. Огнот тргнал од предниот дел на автобусот“, вели Пиргов.
Според него огнот се запалил од системот за греење.
Ново на Сител
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
