Сведок на „Еразмус“: Шуклев бараше да има сексуални односи или 1.000 евра за да даде оценка
Сведокот Дејан Трајковиќ на денешното рочиште за случајот „Еразмус“ наведе дека професорот Бобек Шуклев барал да има сексуални односи или да добие 1.000 евра за да и даде оценка на студентка на Економскиот факултет.
Трајковиќ, кој од 2012 од 2018 година бил вработен во бифето на Економскиот факултет, посочи дека две студентки, го прашале дали може да им „среди“ за оценка. Сведокот го прашал Шуклев, а тој му рекол да и каже на студентката дека сака да има сексуални односи со неа или таа да плати 1.000 евра. Трајковиќ и пренел и таа одбила да има секс со професорот, но рекла дека ќе плати.
Откако му било пренесено што одговорила, Шуклев рекол „би сакал да имам секс со неа бидејќи е многу убава, но нека си плати“.
По некое време, двете студентки, од кои, како што опиша сведокот, „едната била бремена, а другата имала црна коса“, повторно го прашале дали има шанси да посредува и за оценка кај други професори.
Демонстраторот Драган Денковски му кажал на Трајковиќ дека може да заврши работа за студенти да добијат оценка кај повеќе професори, меѓу кои Драги Јанев, Славе Ристески, Шуклев и други. Денковски му ги кажал тарифите за плаќање за оценка кај професорите.
Двете студентки прифатиле да платат и тие му дале пари и индекси на Трајковиќ за тој да му ги предаде на Денковски.
По некое време сведокот ги видел оценките во индексите на девојките, за кои тие платиле.
Следното рочиште за случајот „Еразмус“ е закажано за 23 декември.
Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.
Обвинетите Шуклев и Ристески се товарат за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, Љ.Ј. и С.Д. за злоупотреба на службената положба и овластување, а Денковски за давање поткуп.
Основен суд Скопје 1 на обвинетите им издаде забрана да држат предавања и други работни активности поврзани со кривичното дело за кое се товарат.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка