Македонија
4. January 2021 - 8:32

Свечено отворање на објектот на Министерството за политички систем

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците информира дека денеска свечено ќе биде отворен објектот во којшто ќе биде сместено ова министерство.

Отворањето е закажано во 12 часот, а од Министерството најавуваат дека на настанот ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.

Новиот објект на Министерството се наоѓа пред влезот од подземната гаража на Македонскиот народен театар.