Свечена заклетва на 39-та генерација млади војници на доброволно служење во Армијата

Во Командата за обука и доктрини КОД во велешката касарна „Алексо Демниески Бауман“ денеска свечена заклетва даде 39-та генерација млади војници на доброволно служење во Армијата. Во оваа генерација на тримесечна обука се 108 млади војници меѓу кои и 10 девојки.
На свеченоста освен Командантот на КОД, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев, присуствуваа и началникот на ГШ генерал – мајорот Васко Ѓурчиновски заменик министерот Беким Максути и други генерали, како и други гости, родители, роднини и пријатели на младите војници.
Свечено дадената заклетва на младите војници им ја честита заменик министерот за одбрана Максути, кој ги информира дека со реализација на оваа обука им се отвара можност да станат дел од професионалните војници на нашата Армија и таму да ја градат својата кариера полна со предизвици, достигнувања на личен и професионален план, кариера со голем број можности за обука тренинг и наобразба.
-Нашата Армија е препознатлива по својата разноликост и токму затоа во неа има претставници од различна етничка и верска припадност. Особено ме радува фактот што од година во година бројот на жени во Армијата се зголемува со што се покажува дека оваа професија не препознава пол, истакна Максути.
Тој додаде дека тие се нашите идни бранители, идни чувари на нашиот територијален суверенитет и интегритет и нашите идни амбасадори на мирот во меѓународните операции.
Ново на Сител
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
-

Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина
-

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5
-

Николоски: По Мадрид и Барселона ќе има уште авиолинии од Шпанија
-

Кросето: Нема надеж дека Украина ќе ги врати Крим и изгубените територии
-

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје повторно протестираа
