Свечена заклетва на 32. генерација војници на доброволно служење во АРМ
Во Командата за обука каде е сместен и ЦИО Центарот за индивидуална обука при касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде 32 тта генерација војници на доброволни служење во АРМ .
Во оваа генерација 2017 се 54 млади војници на доброволно служење во АРМ,меѓу кои и десет девојки.
Пред голем број гости, родители, роднини и пријатели како и високи претставници на ГШ на АРМ и Министерството за одбрана пред присутните се обрати и им ја честита свечено дадената заклетва на војниците командантот на Центарот за индивидуална обука потполковник Газменд Абдиу и заменик началник на ГШ на АРМ генерал мајор Мухамед Рацај. На свеченоста присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
- Вие сте идните бранители на Република Македонија и идни амбасадори на мирот во меѓународните операции. Со вашиот избор вие сега станавте не само дел од одбраната на нашата татковина, туку и почеток на иден професионален состав на Армијата, им порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска на 53-та војници – доброволци од 32. генерација на денешната свечена заклетва во касарната во Велес.
Таа додаде дека по отслужувањето на доброволниот рок како и многу од нивни претходници и тие ќе можат да продолжите со надградба на воената професија во професионалниот состав на Армијата на Република Македонија и да ја одберат војничката професија, војничката струка како животна определба.
Абдиу ги потсети дека тие се столбот на АРМ, од кои понатаму се регрутираат професионални војници,а со воена дообука и во старешини-подофицери за потребите на АРМ.
- Со овој чин вие се приклучивте кон генерациите обучени и оспособени за одбрана на нашата татковина Република Македонија, рече Абдиу.
Младите војници ќе ги обучуваат искусни старешини од Центарот за индивидуална обука ЦИО и тие во наредните три месеци треба да ја совладаат и добро научат основната воена обука
Ново на Сител
-
Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс на сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Воведни обраќања на денешното судење за Онкологија
-
Чудно е како во претпријатијата каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла
-
Скадналот со прислушкувањето во фокус на опозициските прашања во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 25 партии на претстојните избори
-
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
-
Преглед на вестите од светот