Свечена изјава на новоизбраните јавни обвинители

Во Советот на јавните обвинители денеска свечена изјава дадоа новоизбраните јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Вишото јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Вишото јавно обвинителство Битола.
На третата седница одржан минатиот вторник Советот на јавните обвинители за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола беше избран јавниот обвинител Антонио Јолевски, за00јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје е избрана јавниот обвинител Наташа Крстева Цалева, за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се избрани јавните обвинители Валентина Стојановска и Златко Биковски и за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избрани јавните обвинители Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.
Ново на Сител
-

Анел Фидоски е нов шеф на скопското Обвинителсво
-

Премиерот Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос
-

Дебата за надзорната функција на Собранието
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
