Живот
9. September 2017 - 15:15

Сватовите растурија свадба во Србија: Невестата го задржала презимето, па настанал општ хаос

Многу младенци пред одлуката за задржување или менување на презимето, разговаат за тоа, а изгледа овие лесковчани тоа требало да го направат со роднините.

Инцидентот меѓу сватовите се случил во познатиот градски ресторан по што младата на матичарот му соопштила дека го задржува своето презиме и на него го додава од сопругот.

Според зборовите на звработените во градската матична служба во последните година дена само 20 отсто од девојките при бракот одлучиле да го задржат своето презиме или на него да го додаде на сопругот.

-Ку*во! се слушнало по одлуката на младата некаде од длабочината на салата, а тој погрден збор го изговорил нејзиот свекор. Според музичарите кои ги забавувале гостите, на веселбата повеќе ништо не било исто.

-Потоа се скарале и сваќите. Колку било непријатно, толку било и смешно зошто станува збор за угледни градски семејства. Двете имаат “педигре“ на успешни лесковачки стопанственици, раскажуваат музичарите.

Кога свекрвата на тештата во екот на кавгата и рекла: Глупава ку“во - оваа и одговорила: А зошто сум глупава?, по што настанала општа смеа во салата - раскажува басистот во свадбарскиот бенд, а неговата приказна ја потврдуваат и келнерите и некои од сватовите.

За жал, оваа мала шега не ја запрела нетрпеливоста меѓу сватовите, па неколку часа подоцна ситуацијта кулминирала со општа тепачка на гостите, па славењето на двајцата млади луѓе е насилно завршено.