Свадба на деценијата: Северина откри каква венчаница ќе носи

Северина и Игор ги бројат деновите до венчавката кое медиумите го нарекоа свадба на деценијата, а познатата пејачка сега откри и чија венчаница ќе носи.
За емисијата на РТЛ „Све у шест“ потврди дека во прашање е креаторка со која соработува со години.
-Матија Вуица. Зошто ја обожувам и мислам дека е најдобра, но само во венчаниците, туку и со прекрасните вечерни фустани, рече Северина и потврди дека и пробите веќе и се направени.
Венчавката е закажана за 22 ноември, а младоженецот таа вечер ќе смени два костуми, Северина наводно ќе се пресоблече дури 4 пати.
Пејачката вели дека подготовките за свадбата течат добро, а медиумите шпекулираат со деталите околу организацијата.
Наводно цветните аранжмани за свадбата ќе чинат неверојатни 20.000 евра, поканети се 500 гости, а целата церемонија ќе ја чуваат поголем број работници од фирма за обезбедување за да се осигураат дека нема да протечат фотографии во медиумите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
