Супертајфунот Рагаса стигна до Хонг Конг, во Тајван остави 14 мртви и над 100 исчезнати
Супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски циклон во светот годинава, денеска го погоди Хонг Конг со ветрови со сила на ураган и ненадејни поплави, а неговите обилни дождови во Тајван предизвикаа смрт на најмалку 14 лица.
Во Хонг Конг, патиштата се пусти, бидејќи властите ги предупредија жителите да останат во своите домови. Делови од источниот и јужниот брег на азискиот финансиски центар се поплавени.
Се очекува супертајфунот да го задржи својот интензитет на патот кон брегот на кинеската покраина Гуангдонг, каде што живеат повеќе од 125 милиони луѓе. Властите на Гуангдонг евакуираа повеќе од 770.000 луѓе, објави државниот радиодифузер CCTV.
Рагаса пред два дена го опустоши северот на Филипини, а Тајван вчера. Во округот Хуланиен, во источниот дел на островот вчера загинаа 14 лица, а повеќе од 100 се водат за исчезнати, откако таму се прелеа бариерно езеро, соопшти противпожарната служба.
Властите предупредија на зголемување на нивото на морето, споредливо со тајфунот Хато во 2017 година и тајфунот Мангхут во 2018 година. И двата тајфуни предизвикаа штета од повеќе милијарди долари.
МИА
Ново на Сител
-
Пешак потешко повреден на патот Струмица - ГП Ново Село
-
Кривична пријава за двајца дебрани за намерно предизвикување пожар во градски парк
-
Хаос во Собранието на Заечар при одржување седница, фрлена чадна бомба и употребен бибер-спреј
-
Стопанска комора: Кардиолозите и бизнисмените заедно против срцевата слабост
-
ДИК ќе одржи ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати залокалните избори 2025
-
Македонската гордост во Австралија - Престон Лајонс на гости во Македонија
-
ЕУ и САД заеднички ќе работат на враќање на украинските исчезнати деца
-
Министерот Панче Тошковски демантира дека убиената Росица му барала помош и му испратила СМС-порака