-->
-->
Супер лига: Победи за Пролет 62 и Работнички
-->

Денеска се одиграа два натпревара од 3.коло од ВИП Супер лигата и на двата победија домашните екипи: Пролет 62 и Работнички. Пролет му го нанаесе првиот пораз на Борец совладувајќи го 22:17. Победникот беше решен во првиот дел што домашаната екипа го доби со 13:6.
На вториот дуел одигран вечерва текот на натпреварот беше поинаков. На полувреме беше нерешено 14:14, а во вториот дел Работнички беше подобар со 19:11 за вкупни 33:25.
Утре се играат натпреварите: Вардар Јуниор – Пелистер и Прилеп – Металург 2.
Поради настапот на Металург во Лигата на шампионите натпреварот со Охрид во Охрид ќе се игра на 14.октомври.
Табела: Металург 6 бодови, Работнички 6, Борец 6, Пролет 6, Пелистер 3, Охрид 3, Прилеп 3, Радовиш 3, Металург 2 0, Вардар Јуниор 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
-

Трамп: Поморската блокада во Ормуска Теснина останува до потпишување договор
-

Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго
-

Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“
-

Пад на интересот за студирање во Србија, најавено и зголемена школарина од идната студентска година
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
