-->
-->
Супер лига: Победа на Пелистер во Прилеп
-->

Ракометарите на Пелистер ја постигнаа 11.та победа во Супер лигата откако синоќа во одложен натпревар од 11.коло го победија Прилеп на негов терен со 35:30 (19:14). Овој дуел беше одложен поради обврските на битолчани и настапот во Челинџ купот.
Најзслужни за победата на Пелистер беа Бојан Маџовски кој постигна 6 голови и Богдан Николиќ со 5, додека голманот Никола Даниловски имаше 20 одбрани. Кај Прилеп најефикасен беше Тренчевски со 10 голови.
Пелистер со оваа победа се изедначи на врвот на табелата со ист број на бодови со Охрид и Еурофарм Работник.
Табела: Пелистер 25 бодови, Еурофарм Работник 25, Охрид 25, Пролет 19, Металург 2 18, Борец 17, Прилеп 17, Радовиш 16, Вардар Јуниор 8, Работнички 0 .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
