Loading Video...
Фудбал
16. September 2021 - 10:05

Супер ефикасно - 28 голови на седум средби во Лигата на шампионите

Супер ефикасне вечер на натпревари со кои беше комплетирана првата првата рунда во групната фаза на Лигата на шампионите. Вкупно 28 голови на седум од осумте одиграни натпревари во сеглемтот на групите од А до Д беа постигнати во првата рунда од групната фаза на Лигата на шампоните. 
 
Единствено во Мадрид, фудбалерите на Атлетико и Порто го разиаат впечатокот играјќи без голови 0-0. На „Енфилд“ се одигра дербито на вечерта во кое домаќините се радуваа на победа во меч во кој Ливерпиул поведе прв, а до крајот на полувремето Милан направи пресврт, но во вториот дел со два гола „црвените“ стигнаа до првата победа.
 
Најефикасниот меч го одиграат Манчестер Сити и Лајпциг во кој англискиот шампион победи со 6-3, додека во истата А група, фаворизираниот ПСЖ на гостувањето кај Бриж освои само еден бод, а домаќините може да жалат што не ги освоија сите три. 
 
 
Во групата Ц победи забележаа гостинските тимови и тоа Ајакс со убедливи 5-1 славеше во Лисабон кај Спортинг, додека Борусија Дортминд во Истанбил го совлада Бешикташ со 2:1. 
 
Победа на гости во Милано забележа и Реал и тоа во последните минути од дуелот против Интер, додека до првиот триумф стигна и дебитантот во групната фаза Шериф Ткој со 2-0 беше подобар од Шајтјор. 
 
 
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1.коло 
Група А
Бриж - ПСЖ 1: 1
Манчестер Сити - Лајпциг 6: 3
 
Група Б
Атлетико Мадрид - Порто 0: 0
Ливерпул - Милан 3: 2
 
Група Ц
Бешикташ - Борусија Дортмунд 1: 2
Спортинг Лисабон - Ајакс 1: 5
 
Група Д
Шериф - Шахтјор 2: 0
Интер - Реал Мадрид 0: 1