Суниог: Земјите на ЕУ кои не го признале Косово очекуваат напредок во дијалогот со Србија
Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог вели дека петте држави членки на Унијата кои сé уште не го признале Косово очекуваат напредок во преговорите со Србија пред да одлучат „како ќе продолжат понатаму“ во однос на признавањето, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во изјава за Радио Косово, Суниог рече дека таквиот став му бил потврден на неговите средби со шефовите на канцелариите за врски на тие држави во Косово.
– Според она што сум го видел јас при моите средби со официјални претставници на канцелариите за врски на државите кои не го признале Косово, а кои имаат свои претставништва во Приштина, тие очекуваат да видат напредок во дијалогот со Србија и нормализација на односите.
Тоа сметам дека може да придонесе кај тие држави за да видат како ќе продолжат понатаму, изјави Суниог. Од 25-те држави членки на ЕУ, косовската независност, прогласена во февруари 2008 година, се уште не ја признале Шпанија, Романија, Словачка, Грција и Кипар.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор