Сугарески: Средствата за гасоводот што нема да се искористат, ќе се пренаменат
Средствата планирани за изградба на гасоводот што нема да бидат искористени до крајот на годината, ќе се пренаменат за реализација на други проекти, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Планираните средства во Буџетот за оваа намена изнесуваа две милијарди денари.
- Се што сметаме дека може да се потроши до крајот на годината ќе остане во Буџетот и ќе се трошат тие пари во реализација на капиталните инвестиции. Се останато, ако се процени дека дел од тие средства може да се потрошат во други ставки, ќе може да се префрлат, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање дали парите наменети за гасоводот ќе се пренаменат бидејќи има застој во изградбата.
Пред денешното одбележување на 69-годишнината од основањето на Градежниот факултет, Сугарески најави дека евентуално би се крателе средства во делот на ПУИГ бидејќи имаат непотрошени средства од лани.
Комплетно се реализирани средствата во делот на железницата и средствата наменети за водоводна и канализациска мрежа.
Во однос на изградбата на автопатот Кичево-Охрид и преговорите со кинеската компанија „Синохидро“ која го гради овој автопат, денеска беше повторено дека се заштедени средства, односно оти се намалените цените од првичните кои ги бараше кинеската компанија.
- Во моментов сме вклучени во преговорите со кинеската компанија „Синохидро“ околу намалување на цените. Почетната цена која Кинезите ја бараа беше 150 милиони, но дојдовме до бројка од 125 милиони и успеавме да заштедиме пари, изјави Дарко Мославац, декан на Градежниот факултет во Скопје
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
