Сугарески: СДСМ ќе дојде на Комисијата за политички систем откако ќе се утврди дневниот ред
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески денеска го повтори ставот дека опозициските пратеници ќе присуствуваат на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците кога ќе биде утврден дневениот ред односно утврдена точката да се разгледува Извештајот на специјалното обвинителство.
- Пратеничката група на СДСМ ќе учествува во работата на разгледување на Извештајот на Специјалното обвинителство, истиот момент кога претседателот Влатко Ѓорчев ќе го утврди дневниот ред. Веднаш сме подготвени бидејќи имаме сериозни работи кои треба да бидат изнесени таму, рече Сугарески.
Според Сугарески, од 2005 година наваму во Собранието не е разгледуван извештај од Државното јавно обвинителство.
- Она што пратеничката група на СДСМ минатата недела го кажа ќе го повторам и денеска. Прво, кршење на Деловник е без да објаснувате дека нема услови за одржување на седница без да утврдите дневен ред. Собранието чека да заврши Комисијата за Извештајот да биде разгледуван. Не знам зошто не го утврдува дневниот реа, а потоа ако мисли Ѓорчев дека нема услови таму може тоа да го констатира, и затоа ние не гледаме причина зошто да учествуваме на седницата, рече Сугарески.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се распушти Парламентот, рече дека опозициската партија неколку пати повторила дека исполнувањето на условите, а тоа е прочистување на Избирачкиот список и регулација на медиумите се услов за одржување фер и демократски избори.
- Одлуката што е донесена за распушатње е донесена, знаете како е донесена еднострано, ние не сме учествувале во носење на таква одлука, рече Сугарески.
Ново на Сител
-
Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
-
Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун
-
Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро | ФОТО
-
Српскиот премиер го осуди насилството и повика на дијалог
-
Уапсен 34-годишен Македонец, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во Грција
-
Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија
-
Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан
-
Приведен 69-годишен возач од Делчево, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта