Сугарески очекува раст на капиталните инвестици во вториот и третиот квартал
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува силен раст на капиталните инвестиции во вториот и во третиот квартал годинава и уверува дека ќе имаме економска година посветена на инфраструктурата.
– Изградбата на капиталните проекти се приоритет број еден за Владата. Најавиве дека оваа ќе биде економска година и се држиме до таквите изјави. Само преку ЈП за државни патишта во првиот квартал реализирани се преку 50 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава. Тоа е на пример за три пати повеќе инвестиции во споредба со првиот квартал од минатата година, изјави денеска Сугарески, при увидот на градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Драчево – Таор.
Сугарески наведе дека моментно се работи на 90 – ина проекти за над 700 километри патишта патишта, мостови и патарини, со вкупна вредност од над 850 милиони евра.
– Засилено работиме на гасификацијата, ја интензивиравме изградбата на железницата кон Бугарија и реално очекувам втор и трет квартал да имаме силен раст на капиталните инвестиции. Ни претстои долга градежна сезона, очекуваме се што најавивме за изградба и реконструкција во инфраструктурата да реализираме за оваа година, и уверен сум дека ни претстои силна економска година посветена на инфратсруктурата, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања, при увидот на реконструкцијата на регионалниот пат Драчево – Таор.
Тој информираше дека се завршени 50 проценти од работите за изградба на пругата кон Бугарија.
– Голем дел од проблемите се надминати, се очекува анекс договорите да се потпишат, првата делница сериозно се интензивира, за втората делница се очекува до крај на годината да се избере изведувач и да почне изградбата, а за третата од Крива Паланка до гугарска граница Министерството за финасии работи на обезбеудвање средства. Таму имаме 60 милиони грант средства од ИПА, согласно роковите очекуваме да биде и динамиката, рече Сугарески, посочувајќи дека за многу бргу време очекува пуштање на автопатот Скопје Штип, ќе се интензивира работата на автопатопт Кичево Охрид и ќе почне изгардбата на автопатот Скопје Блаце.
Ново на Сител
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск
-
Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село
-
Елтон Џон со сѐ послаб вид, не можел да ја проследи претставата „Ѓаволот носи Прада“
-
На готвач му украле комбе со 2.500 пити, тој повика да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица
-
Манчестер јунајтед заинтересиран за Јилдиз
-
Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин
-
Градоначалникот на Белград најавува повлекување од политиката