Сугарески: Автопатот Миладиновци-Штип ќе се изгради до октомври следната година

Автопатот Миладиновци - Штип ќе биде комплетно завршен за една година. Изградбата тече континуирано наместа со застои поради проблемите што се појавуваат со експропријација на земјиштето. Градежните работи се завршени со 75 проценти.
Ова го истакна денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов изврши увид во градежните работи на автопатот Миладиновци-Штип, кој најави период во кој значително ќе се инвестира во патната инфраструктура во Република Македонија и каде ќе се исправат грешките направени од претходната Влада.
Министерот информираше дека минатата недела на владина седница е усвоен Анексот на договорот за изградба на овој автопат со кој се предлага рокот за изградба да се продолжи до крај на септември 2018 година. Дополнителен рок, како што рече, побара изведувачот, бидејќи не успеа да ја заврши изградбата во претходниот рок кој беше до 1 мај 2017 година. Пролонгирањето пак, посочи министерот, на изградбата нема да има дополнителни финансиски импликации врз буџетот.
- Како и на другите автопати и изградбата на овој автопат ја следеше низа проблеми и поради таквите проблеми претходната влада не успеа да го изгради во рокот предвиден со законот. Но, ве уверувам дека заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта ќе сториме се што е во наша надлежност за да се испочитува овој рок до 30 септември 2018 година, изјави Сугарески.
Тој потенцира дека генерално почнато е со решавање на сите проблеми што се детектирани во изградбата на сите автопатишта, како и на експресните патишта.
Китанов потенцира дека пролонгирањето на изградбата на автопатот Миладиновци-Штип е поради отстранување на недостатоците што се појавени во текот на изградбата во изминатиот период, како дислокација на електрични столбови, ескпропијација на земјиште и свлечиште.
Потенцира дека изградбата на автопатот не е запрена во ниту еден моменто.
- Имавме намален интензитет, но во ниту еден случај не е стопирана изградбата на автопатот. Во моментот се ангажирани 600 работници, рече Китанов.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
