Судскиот совет исклучува можност за негово влијание врз судовите
Во врска со зачестените критики дека Судскиот совет на Република Македонија и неговиот претседател влијаат на работата на судиите и претседателите на судовите, од Судскиот совет во денешното соопштение апелираат да не се создава неоснована недоверба за судскиот систем со недобронамерни коментари и неосновани напади.
- Советот постапува во рамките на надлежноста утврдена со Уставот и законите и е орган кој ја гарантира независноста и самостојноста на Судската власт во Република Македонија, се вели во соопштението.
Оттаму посочуваат дека е исклучена секаква законска можност за било какво влијание на Советот врз работата на судовите, вклучително и врз работата на нивните претседатели.
- Советот е овластен да ја следи и цени работата на судиите и на претседателите на судовите. Истиот не влијае во делот на организацијата на работата на претседателите на судовите. Внатрешната организација и работата на судовите е во целосна надлежност на претседателот на судот, согласно Законот и Судскиот деловник, се наведува во соопштението.
Според Советот, со ваквите напади директно се нарушува угледот и интегритетот на судиите како носители на судската власт и се поткопуваат темелите на судската власт, што е неодржливо не само од аспект на судството, туку и на општеството во целина.
- Советот како гарант на судската независност, смета дека за остварување на истата е неопходно судиите да продолжат со својата работа, ослободени од било какви притисоци и влијанија, со доследно почитување и примена на законите во правораздавањето, стои во соопштението од Судскиот совет.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура