Судскиот процес за масакрот кај Младеновац започнува денеска во Белград
Во Специјалниот суд во Белград денеска започнува судскиот процес против Урош Блажиќ, обвинет дека на 4 мај минатата година во селата Мало Орашје и Дубона убил девет и ранил 12 лица.
Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој исто така е обвинет, денеска по првпат ќе ја изнесат својата одбрана.
За утре и задутре е планирано сослушување на оштетените, јавуваат српските медиуми.
На подготвителното рочиште, кое беше затворено за јавноста, првообвинетиот делумно призна дека го извршил масакрот, додека неговиот татко негираше вина за оружјето кое беше пронајдено во неговиот дом.
Претседателката на Врховниот суд во август донесе одлука судењето да се одржи во најголемата судница во Специјалниот суд во Белград. Судницата е поделена на три дела со решетки и дебело стакло.
Новинарите ќе можат да го следат судењето од медиа-центарот преку видео пренос, целосно одвоени од судницата.
Ново на Сител
-

Опозицијата ќе ја известува ЕУ за системска блокада на интеграциите
-

Викендов ќе се знае дали ќе продолжи намаленото ДДВ на горивата
-

ММФ предупредува: Војната ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави економскиот раст
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови сведоштва: Стојанче со години ја малтретираше Ивана
-

Одложено судењето за 13 полицајци за кочанската трагедија
-

Владата ќе анализира дали се оправдани најавите за зголемување на цената на лебот
-

Сеидбата на ориз под знак прашалник, производната цена вртоглаво расте
