Судската администрација протестира против одлуките на Судскиот буџетски совет
Судската администрација во сите судови низ државата денеска протестираше против одлуките на Судскиот буџетски совет, кои се однесуваат на нерамномерното зголемување на додатоците на плата и на неисплатата на платата на дел од учесниците во штрајкот од 2016 година.
– Ова е последна опомена за Судскиот буџетски совет кој е нетранспарентен. Неколку пати, а посебно на последната седница побарав да присуствувам како претседател на синдикатот, но веднаш беше одбиено барањето. Револтот е огромен. Не сакаме да ги спориме ниту платите, ниту додатоците на плата на судиите, туку го спориме нехуманиот однос на оние кои одлучуваат за судската служба затоа што договорот беше додатоци за плата да добијат сите исто во процентуален износ. Во септември беше одредени и судиите и судската администрација да добијат пет проценти додаток на плата, меѓутоа од Судскиот буџетски совет велат дека немаат зголемување на пет проценти на платата како останатата администрација и си доделија уште пет проценти додаток, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски.
Според проценките на Синдикатот на УПОЗ и на Здружението на судска администрација кои го организираа денешниот протест, судиите зеле додаток на плата од 6.000 до 9.000 денари, а судската администрација од 750 до 1.000 денари.
Според Синдикатот, на незаконит начин им се одземени и дел од платите на учесниците во штрајкот од 2016 година.
– Како синдикатот заедно со Владата обезбедивме средства за да им се вратат парите на вработените, но Владата бараше законска постапка и тие пари ги префрли на Судскиот буџетски совет. Беше договорено постепено враќање на парите и да се исплатат сите учесници во штрајкот од технички персонал, до судски службеници и судска полиција, но добивме разноразни одговори дека на дел од луѓето не може да им се исплатат парите, а обезбедени се пари за сите учесници во штрајкот, изјави Грујовски.
Од УПОЗ и Здружението на судски службеници бараат да имаат и свој претставник во Судскиот буџетски совет и во Советот на судска служба, како и поинаква дефиниција на позицијата на судската служба.
Доколку не наидат на разбирање од страна на Судскиот буџетски совет, најавуваат дека ќе ги искористат сите форми на притисок.
– Секоја активност која ја преземаме потекнува од членството. Сите форми на притисок ќе ги примениме, но нема да им го направиме задоволството повторно да штрајкуваме за да повторно да ги казнуваат. Ќе бараме нови форми на притисок, но ќе побараме помош и од Владата, посебно од Министерството за правда да се вложи во овој процес бидејќи судството е дел од Министерството. Министерката за правда мора да учествува на седниците на Судскиот буџетски совет бидејќи ова што се случува во Советот излегува од контрола, истакна Грујовски.
Ново на Сител
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок