Балкан
14. March 2016 - 8:36

Судот во Анкара забрани пристап до Фејсбук и Твитер по вчерашната експлозија

Судот во Анкара забрани пристап до Фејсбук, Твитер и останатите сајтови, откако вчера на социјалните мрежи беа споделени фотографии од вчерашните бомбашки напади, пренесува БТА. 

Корисниците во Турција велат дека тешко се приклучуваат на сајтовите, објавуваат турските телевизии. 

Минатата година Турција го блокираше пристапот до Твитер по споделувањето на фотографии од крајноливичарските борци кои насочија оружје кон обвинителот. 

Во вчерашниот напад во Анкара загинаа 35 лица, а повредени се 125.