-->
-->
Судот со наредба: Аца Лукас да се приведе
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/december/aca-lukas-95186.jpg?itok=O1v0IuZe)
Прекршочниот суд во Белград издал наредба за приведување на пејачот Александар Вуксановиќ познат како Аца Лукас поради игнорирање на поканите за судење каде се пејачот се товари за два сообраќајни прекршоци, пишува „Ало“.
Покрај овие два пати, против Лукас поради загрозување на безбедноста во јавниот сообраќај се водат уште шест постапки. Судот и дал налог на полицијата да го приведе пејачот што го лоцира на домашната адреса, бидејќи од март годинава успешно избегнувал да ја прими поканата.
-Лукас се товари за два прекршоци кои ги направил во март оваа година. Во една постапка е обвинет за пречекорување на дозволената брзина во населба, а во втората возел иако имал забрана да управува со возило. Бидејќи не се одзва на судските покани, дадовме налог до полициската станица во општината во која живее да биде приведен и донесен, вели соговорник за весникот.
Тој има уште шест прекршоци за непочитување на сообраќајните прописи и важи за еден од рекордерите на српската музичка сцена по бројот на прекшоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарникарите од Србија и Црна Гора за Сител: Се бориме како за своја земја
-
Тема на денот со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово и поранешен потпретседател на СДСМ
-
Антикорупционерите сакаат дипломатски пасоши
-
Активно беснеат 8 пожари низ земјава, со сили се делува на терен
-
Штети од невремето во Скопје
-
15 часа дел од Скопје остана без струја
-
Компјутерски проблем парализираше половина свет – засегнати банки, аеродроми, болници, медиуми...
-
Уште тројца министри од поранешната власт на апанажа