Македонија
19. July 2024 - 19:45

Антикорупционерите сакаат дипломатски пасоши

Претседателката на ДКСК веќе добила, а останатите антикорупционери побарале привилигирани пасоши од Министерството за надворешни работи.

Првата Антикорупционерка за Сител вели дека бараат дипломатски пасош поради честите службени патувања кои ги имаат надвор од државата.

Членовите на претходниот состав на ДКСК немале дипломатски пасоши. Поранашната претседателка на Државната комисија потврди дека не побарала привилигиран пасош, иако и тие многу чество оделе во странство, а беа вклучени и во скрининг процесот кој се водеше во Брисел.

Ивановска вели дека МНР треба да образложи според кои критериуми се доделуваат дипломатските пасоши.