Судот одби да го стави Марковски во притвор

Судот го одби барањето на обвинителството па битолскиот бизнисмен Борче Марковски наместо зад решетки, истрагата за евентуален криминал тежок над 100 милиони денари ќе ја следи од куќен притвор. Покрај него, од ефективен притвор се спаси и еден од поранешните технички директори во државната ЕСМ.
Од Обвинителството вчера доцна вечерта ја потврдија оваа информација и најавија дека ќе се жалат на оваа одлука на судот бидејќи сметаат дека постои ризик од бегство бидејќи познатиот битолски бизнисмен имал значителен имот во друга држава.
Обвинителството вчера го приведе Марковски заедно со уште 5 лица под сомнение за незаконски тендер со транспорт и монтажа на транспортни ленти во РЕК Битола.
Според првичните информации, тој не ги реализирал обврските од тендерот, а Обвинителството се сомнева и дека целата јавна набавка била со цел да се испумпуваат пари од буџетот, бидејќи ископите во РЕК Битола се превзувале со камиони па транспортните ленти воопшто не биле потребни.
Марковски компани била една од омилените фирми на претходната власт. Во период од 5 години од тендери инкасирала преку 140 милиони евра, а голем дел од јавните набавки се договарале преку спогодби во 4 очи.
Во вчерашната акција на битолското обвинителство и Финансиската полиција осомничени се вкупно 8 лица. Шестмина беа приведени вчера а уште двајца веќе се во притвор за делата кои претходно беа отворени во РЕК Битола.
Ново на Сител
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за трошоците за прославата
-

ООУ „Св. Климент Охридски“ од М. Брод единствено училиште кај нас со сопствена кујна со топол оброк за учениците
-

Александар Степанулески е 34-тиот победник на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Бројните организирани забави до повисоки приходи за хотелите
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Злате Мехмедовиќ, директор на Клиника за физикална медицина и рехабилитација
-

Владата го намалува ДДВ-то кај дизелот од 18 на 10%
-

Мицкоски најавува прославите како на 8 Септември да станат пракса, опозицијата бара истрага за парите од Лотарија
