Судот на честа на ЛКМ oтвори постапка за гевгелиските анестезиолози
Судот на честа на Лекарската комора на Република Македонија (ЛКМ) отвори постапка за оценување дали има основ за привремено или трајно одземање на лиценца за работа на докторите од Гевгелиската болница, односно за одговорноста на лекарите од етичка и деонтолошка гледна точка согласно Кодексот на медицинската деонтологија.
Судот на честа на Лекарската комора, соопштуваат оттаму, на седница го разгледа известувањето од Министерство за здравство и барањето од Комисијата за етички и правни прашања на Комората во врска со случувањата во ЈЗУ Општа болница Гевгелија со кои се бара да се утврди дали, согласно Законот за здравствена заштита, има основ за привремено или трајно одземање на лиценцата за работа на двајцата анестезиолози заради утврдено присуство на алкохол во крвта при вршење интервенција во текот на која починаа родилка и нејзиното бебе.
Членовите на ова тело на Комората, ја разгледаа расположливата документација која е доставена до Комората и едногласно оценија дека за да се одлучува неопходно е да се добијат извештаите од извршениот вонреден стручен надзор на Министерство за здравство, изјавите на сите инволвирани субјекти, судско-медицинското вештачење, како и други документи и материјални докази релевантни за овој случај од надлежни институции.
Судот на честа при Лекарската комора располага единствено со известувањето од Министерството за здравство и известување за резултати од анализа на алкохол во земените примероци крв од страна на Министерството за внатрешни работи.
Членовите на судот на честа со официјален допис побараа од надлежните институции и органи да ја достават потребната документација и извештаите, како и информацијата за организационите аспекти на установата за да може мериторно да се одлучува за отворениот предмет.
Лекарската комора на Македонија е подготвена докрај да го расветли овој случај во рамките на своите надлежности и благовремено ќе ја информира јавноста по завршувањето на постапката и донесувањето на одлуката за предметот од ЈЗУ Општа болница – Гевгелија, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае