Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ
Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, јавија утрово сараевските медиуми.
Налогот за апсење е внесен во системот на Интерпол, а моментално се чека потврда од Генералниот секретаријат на Европол во Лион.
Канцеларијата на Интерпол во Сараево ја внесе меѓународна потерница во системот, откако Судот на БиХ ја издаде.
Тој налог, всушност, не е активен. Тоа може да го видат само луѓето кои работат во контакт точките на Интерпол. Државите не смеат да постапуваат по овој налог додека од Лион официјално не се одобри распишување потерница, нагласуваат медиумите во Сараево.
Во потерницата се наведува дека именуваните лица се државјани на Босна и Херцеговина и на Република Србија. Додик и Стевандиќ се бараат за кривично гонење за сторено кривично дело Напад врз уставниот поредок од чл. 156 од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест