Судот ги деблокира сметките на Макпетрол

Основниот суд Скопје 1 - Скопје денеска донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката донесена од судија во опретходна постапка за замрзнување на сметките на Макпетрол АД Скопје и Оилко КДА Скопје.
- Основен суд Скопје 1 - Скопје во врска со предметот кој се однесува на замрзнување на банкарските трансакции на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје ја информира јавноста дека кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките го преиначи решението на судијата на претходна постапка така што го одби предлогот на Јавното обвинителство Скопје за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка.
Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за следење на платен промет и трансакции на сметки на правното лице Макпетрол АД и на правното лице ОИЛКО КДА Скопје, поднесен од 18.08.2015 година го уважи предлогот односно со решение наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на сметките на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје, се наведува во соопштението од Судот.
МВР минатиот четврток поднесе кривична пријава против 21 лице кои се сомничат за незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко. Осомничени се првиот човек на Макпетрол, Андреја Јосифовски, десетте членови на Управниот и осумте членови на Надзорниот одбор на компанијата, како и тројца одговорни во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии од вредност.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
