Ф1
30. November 2020 - 9:07

Судирот на Грожан се случил со брзина од 221 км/ч

Формула 1 тимот Хас сподели информации за здравствената состојба на Ромен Грожан, кој вчера имаше сериозна несреќа на почетокот на трката за Големата награда на Бахреин.

Шефот на тимот Гинтер Штајнер, кажа дека испитувањето потврди дека Грожан се спасил од фрактурата. Лекарите се занимаваат со закрепнување на Французин од изгореници на неговите раце. Исто така се известува дека судирот се случил со брзина од 221 км/ч.

Грожан од болница порача дека се чувствува добро и се заблагодари на поддршката која ја добива од сите страни на светот.