Македонија
8. August 2023 - 12:56

Судир на два ,,мерцедеса'': Teшко повреден малолетник

На 07.08.2023 во 14.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар-Градец, во село Сенокос, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(25) од Градец и патничко возило „мерцедес“ со  странски регистарски ознаки, управувано од Ш.К.(50) од Сенокос.

Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетен сопатник во возилото со гостиварски регистарски ознаки, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.