Македонија
24. јуни 2024 - 10:59

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Приведен 23-годишен тетовец поради марихуана.

МВР информира дека вчера полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот Л.Р. (23).

- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Л.Р. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.