Судијка со својот застрашувачки изглед стана хит на интернет
Една судијка од Украина, по име Ала Бандура привлече внимание на социјалните мрежи со фотографија на којашто има прилично специфичен изглед и стил, кој потсетува на Џокер од сагата за Бетмен, или пак - на вештерката од „Сирената Ариел“.
Не е познато кој ја објавил фотографијата. А, сеирџиите ја опсипаа жената со најразлични епитети, од кои највпечатлив, се чини, е - „ужасот на правдата".
Сепак, се појави и приказна дека Бандура пред повеќе од 10 години преживеала напад поради својата принципиелна работа. Тогаш, непознат сторител и нанел 12 убоди со нож, но таа преживеала и успеала да се врати на својата работа.
Украинскиот портал „Сегодња" дојде до коментар на самата судијка, која објаснува дека фотографијава настанала пред неколку години, за потребите на службениот судски гласник, а таа тогаш морала набрзина да се нашминка. Бандура вели дека не се лути за шегите на нејзина сметка и не му се лути на оној кој ја објавил сликата на интернет.
Ново на Сител
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта