Судењето за „Рекет“ продолжува на 6 февруари
Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 6 февруари, откако на денешното рочиште беа презентирани материјални докази. На следното рочиште ќе се продолжи со презентирање материјални докази. На ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.
Во судница денеска беа презентирани фотографии од предмети одземени од домот на Катица Јанева во Скопје и Гевгелија, во нејзината канцеларија во СЈО, како што се мобилни телефони, лап топ, два надворешни хард дискови, десет УСБ-а, фактури и белешки.
Одземената кожна аголна гарнитура и дрвена маса од домот на Јанева во Скопје, како што се виде од изнесените фотографии, биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот во Тетово.
Беа презентирани и фотографии од одземениот мебел од домот на Јовановски во Орман. Одземен бил луксузен мебел, столици, маси и разни украси, додека од претресот на деловното лице ТВ1 и канцеларијата што ја користел Јовановски се гледа дека биле одземени, компјутери и опрема, тефтери и документи, како и уметнички слики.
Обвинителството предлага доказите од претресот на домот на Зоран Милевски – Кичеец да се повлечат, со оглед дека тој призна вина и за него сега е одвоена постапката, но одбраната на Јовановски не даде дозвола и тие беа презентирани. Од презентираните фотографии можеше да се видат одземени оружје, мобилни, лап топи и УСБ-а.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка