Судењето за „Монструм” продолжува на 3 септември
Судскиот процес за петкраното убиство кај Смилковско Езеро, продолжува на 3 септември. На дневен ред на ова рочиште е предвидено да сведочи полициски службеник кој учествувал во истражната постапка против обвинетите. Освен ова рочиште за месец септември за предметот „Монструм” се закажени уште три други рочишта.
На последните две рочишта, вклучувајќи го и денешното, сведочеа поранешни и актуелни полициски службеници по однос на увидот на местото Враживир, каде во 13 април 2012 беше пронајдено возилото „Опел Омега”, кое според обвинението е користено од страна на извршителите на убиството кај Смилковско Езеро, еден ден претходно, односно на 12 април.
За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.
Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинените го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Ново на Сител
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија
-
МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи
-
Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции
-
КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество
-
Кикбоксерите со своите светски медалисти повторно на сопствен трошок отпатуваа на Европското јуниорско првенство
-
Пожар во фабрика во Трубарево, го гасат повеќе екипи, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
-
Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација