Судењето за „Маџар телеком” одложено за 30 септември
Случајот против поранешните генерален и финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, „Маџар телеком” се одложува за 30 септември поради неприсуство на сведокот Слободан Богоески.
За денеска на предлог на одбраната беше повикан сведокот Слободан Богоески, за кого Судот нотираше дека нема доказ за уредно извршена покана. Дополнително во писмен допис на Богоески до судот вели дека нема да може да присуствува на денешното рочиште и дека ниту ги познава обвинетите ниту е запознаен со нивните активности.
Предметот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.
Обвнителката Стефанова на почетокот на денешното рочиште до Судот достави решение од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека таа е застапник на обвинението.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната.
Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство. Сега предметот е вратен на ОЈО.
Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин ги оштетиле Македонски телеком и Буџетот на Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот